Европската унија сè уште не направила доволно за да го зголеми капацитетот за производство на оружје во услови на глобални закани, вклучително и руско-украинската војна, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Заштитата на Европа, пред сè, е обврска на Европа. И додека НАТО мора да остане центар на нашата колективна одбрана, ни треба многу посилен европски столб“, рече Урсула фон дер Лајен на безбедносната конференција ГЛОБЕСЕК во Прага.
Таа предупреди дека идејата дека Европа направила доволно за безбедноста на почетокот на оваа деценија е „илузија“, додавајќи дека втората половина од деценијата ќе биде со висок ризик, пренесува Ројтерс.
„Ако сакаме вистински мир, мораме од темел да ги преиспитаме основите на европската безбедносна архитектура. Руската инвазија ѝ го отвори очите на Европа“, оцени таа.