Фон дер Лајен: ЕУ ќе биде на страната на Украина се додека е потребно

677z381_677z381_1-Ursula-von-der-Leyen-653d50139385b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, по повод одбележувањето 1.000 дена од почетокот на војната во Украина, изјави дека ЕУ ќе биде на страната на Украина се додека е потребно и дека земјата еден ден ќе биде дел од Унијата.


Таа рече дека денеска е ден на жалост, но и ден на ветување.

„Пред 1.000 дена Русија се обиде да ја избрише Украина од мапата. И 1000 дена Русија пропадна поради отпорот на Украина и пожртвуваноста на вашите херои. Денеска е ден на жалост, но и ден на ветување. Ветуваме дека ќе бидеме на ваша страна онолку колку што е потребно“, истакна Фон дер Лејен. „Истовремено, таа најави дополнителни 65 милиони евра за поддршка на иницијативата за купување училишни оброци за украинските деца. И иднината на една земја започнува од нејзините деца. Русија сака да ја украде иднината на Украина. Тоа нема да го дозволиме. Затоа, давање право на образование на децата и обезбедување топол оброк на училиште е исто така форма на отпор“, рече Фон дер Лајен, пренесува Танјуг.

Таа посочи и дека Украина може да биде сигурна дека европската и западната поддршка за таа земја ќе продолжи и во тој контекст потсети дека до 2027 година ќе бидат обезбедени 50 милијарди евра од ЕУ, а до 2026 година 50 милијарди евра од земјите од Г7 и ЕУ, се вели во соопштението на Европската комисија.

Таа, исто така, посочи дека приходите од имобилизираните руски средства сега се користат за зајакнување на военото производство во Украина и за поправка на енергетската инфраструктура на земјата пред зимата.

„Затоа што Русија треба да плати за 1.000 дена криминал и уништување“, смета Фон дер Лајен. Таа додаде дека претстојната зима може да биде страшна, но подвлече дека вистинските пријатели се појавуваат во бурните денови.

„И Европа е вашиот вистински пријател. Знаеме дека еден ден, кој не е толку далеку, ќе бидете дел од нашата Унија. Вашиот напредок кон придружувањето ни е импресивен, уште повеќе кога водите егзистенцијална војна. И јас сум убедена дека можеме да преминеме во следната фаза од нашите преговори“, рече Фон дер Лајен.

Таа подвлече дека иднината на Украина е во Унијата. „Вашата слобода е наша слобода. А нашиот Сојуз е вашиот дом“, заклучи претседателката на Комисијата. По повод 1.000-годишнината од почетокот на војната во Украина, и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола најави дека ЕУ ќе биде со Украина се додека е потребно. Таа додаде дека претходните 1.000 дена биле денови на храброст и пркос, денови на надминување на шансите, денови на заедништво „како браќа и сестри“.

„Како едно семејство кое дели заедничка иднина“, изјавила Мецола на социјалната мрежа Икс. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им порача на украинските пријатели дека ЕУ е на нивна страна и е подготвена да ги поддржува се додека е потребно, наведувајќи дека претходните 1.000 дена биле обележани со агресија против Украина, жртви и страдање и храброст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK