Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена за соработка со Филипините во сферата на поморската безбедност

lajen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Манила се сретна со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор по што изјави дека ЕУ е подготвена да ја зајакне соработката со Филипините во областа на поморската безбедност.

– Подготвени сме да ја зајакнеме соработката со Филипините на полето на поморската безбедност преку процесите на размена на информации, спроведување на проценки на заканите и градење на капацитетот на филипинската крајбрежна стража, рече фон дер Лајен во заедничката изјава со Маркос.


Филипините се наоѓаат во област на геополитичко ривалство меѓу САД и Кина, со поморска територија која вклучува дел од Јужното Кинеско Море и стратешки и богат со ресурси воден пат врз кој Кина тврди дека полага право повикувајќи се на суверенитет.

Маркос и Фон дер Лајен разговараа и за рестартирање на преговорите за договори за слободна трговија и енергетика

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK