Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ќе одржи говор во Европскиот парламент во Стразбур за состојбата на Унијата.
„За помалку од 300 дена, граѓаните на ЕУ ќе гласаат на избори во нашата единствена демократија. Ќе биде време тие да одлучат каква иднина и каква Европа сакаат“, рече првиот човек на ЕК на почетокот на говорот.
Секоја година, шефот на Европската комисија одржува говор за состојбата на Унијата во септември. Оваа практика беше воведена со Договорот од Лисабон и беше направена по примерот на обраќањата на американските претседатели до Конгресот. И додека во САД тоа е првокласен политички настан, говорите на претседателот на Комисијата имаат многу помал одек во европската јавност, анализираат медиумите.
Според написите, ова е последниот говор на фон дер Лејен во овој мандат. Иако на големо се шпекулира дека таа ќе бара нов мандат на чело на Комисијата, Фон дер Лаен се уште не се огласила за тоа. Таа се споменува и како можен наследник на Јенс Столтенберг како генерален секретар на НАТО, се наведува во информациите од медиумите во регионот.
се очекува претседателката на Комисијата во својот говор да ги истакне своите приоритети во последната година од мандатот и да се осврне на постигнувањата во изминатите четири години. Се очекува да ја повтори силната поддршка на ЕУ за Украина во одбраната од руската агресија, да зборува за зелената транзиција и намалувањето на зависноста од руските енергетски извори.
Имајќи предвид дека ова е нејзиниот последен говор за состојбата на Унијата пред европските избори во јуни следната година, фон дер Лаен не се очекува да излезе со големи законски предлози, туку повеќе да се фокусира на достигнувањата во изминатите четири години, анализираат медиумите.