Финска ја погоди ураган за првпат во историјата

finska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На западот на Финска, за прв пат во историјата ветрот достигна ураганска сила, поради што 17.000 куќи останаа без струја.


Во Раума, на југозападот на земјата, просечната брзина на ветерот во петокот навечер достигна 33,5 метри во секунда, во Пори – до 30,3, пренесува финскиот јавен сервис Yle.

Ветерот со просечна брзина од најмалку метри во секунда се смета за ураган во Финска. Ова е првпат вистински ураган да биде забележан во Финска, изјави метеорологот Мати Хутонен.

„Вакви показатели никогаш не биле забележани во историјата на набљудување, во таа смисла тие се навистина ретки“, рече дежурниот метеоролог во Метеоролошкиот институт Туомо Бергман. Според него, во петокот вечерта околу 40.000 домови биле отсечени на запад и југ на Финска, а утринава 17.000 домаќинства останале без струја.

Шефот на пожарникарската служба рече дека спасувачите честопати биле повикани за паднатите дрвја што оштетиле имот.

Според прогнозите на метеоролозите утре во Финска ќе пристигне нов силен циклон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK