Филипинската крајбрежна стража спаси 120 луѓе откако се запали траект

zapalen traekt
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите 120 лица на траект што денеска се запалил во морето во централниот дел на Филипините се спасени, соопшти крајбрежната стража.

M/V Esperanza Star, со 65 патници и 55 полицајци и членови на екипажот, се запалил додека пловел од јужниот остров Сикијор кон блискиот остров Бохол, соопшти крајбрежната стража.


Пожарникарите на крајбрежната стража на друг брод употребиле воден топ за да го изгаснат пожарот, изјави портпарол на крајбрежната стража. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Не е соопштено каде се наоѓаат и во каква состојба се спасените патници и членови на екипажот.

Филипините, архипелаг со повеќе од 7.600 острови, имаат лоша поморска безбедност, со бродови кои се често преполни и многу стари.

Во март, ферибот со околу 250 луѓе се запали и на југот на Филипините, при што загинаа повеќе од дваесет луѓе, меѓу кои и едно шестмесечно бебе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK