Филипините ги отстрануваат кинеските бариери од Јужното Кинеско Море

Филипините-ги-отстрануваат-кинеските-бариери-од-Јужното-Кинеско-Море.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филипинските власти соопштија дека ќе ја отстранат бариерата поставена од кинеската стража за да спречат филипински чамци да влезат во тој дел од Јужното Кинеско Море.


„Го осудуваме поставувањето на пловечки бариери од страна на кинеската крајбрежна стража. Со подигнување на бариери, Народна Република Кина ги крши традиционалните риболовни права на нашите рибари“, изјави филипинскиот советник за национална безбедност Едуардо Ано, пренесе АП.

Филипинските власти соопштија дека бариерата долга 300 метри на влезот во лагуната кај Скарборо Шол е „нелегална и нелегитимна“ и била поставена од бродовите на кинеската крајбрежна стража во петокот додека рибарски брод од филипинските власти им се приближувал.

Ано во изјавата рече дека Филипините „ќе ги преземат сите соодветни активности за да ги отстранат бариерите и да ги заштитат правата на нашите рибари во таа област“.

Кина тврди дека има 90 отсто од Јужното Кинеско Море и делот што се преклопува со ексклузивните економски зони Виетнам, Малезија, Брунеи, Индонезија и Филипините.

Официјален Пекинг ја презеде контролата врз зоната Скарборо Шол во 2012 година и ги принуди рибарите од Филипините да патуваат на пооддалечени локации каде што ловат помалку.

Меѓутоа, Кина им дозволи на филипинските рибари да ловат риба во областа Скарборо Шол во периодот кога билатералните односи со Филипините се подобруваа во времето на поранешниот претседател Родриго Дутерте.

Тензијата повторно ескалира откако минатата година на власт дојде новиот претседател на Филипините, Фердинанд Маркос Јуниор.

Филипинската крајбрежна стража и Бирото за рибарство и водни ресурси открија пловечка бариера долга околу 300 метри од Скарборо Шол за време на рутинска патрола во петокот.

Филипинските рибари велат дека Кина обично поставува такви бариери кога ги следи активностите на голем број рибарски бродови во областа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK