Фидан го осуди палењето на Куранот во Шведска

Fidan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан го осуди денешното палење на Куранот во Шведска.

– Го осудувам протестот во Шведска против нашата света книга на првиот ден од Бајрам, напиша Фидан во средата на Твитер, додавајќи дека е неприфатливо да се дозволат антиисламски протести во име на слободата на изразување.


Маж денеска искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм. Тоа се случи откако шведската полиција одобри одржување на протестот.

Околу 200 луѓе гледаа како еден од двајцата организатори на протестот ги кине страниците на копија од Куранот, потоа си ги избриша чевлите со нив, па завитка сланина во нив и на крајот ја запали книгата.

Пред џамијата во Стокхолм имаше и лица кои протестираат против палењето на Куранот, извикувајќи „Алах акбар“ (Бог е голем). Еден од нив е приведен од полицијата.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.

Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска, посочи Кристерсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK