ФБИ објави нови фотографии од напаѓачот во Њу Орлеанс

Screenshot-2025-01-03-095910.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ФБИ објави нови фотографии од Шамсуд Дин Џабар направени еден час пред да се влета со својот пикап во толпата луѓе на улицата Бурбон на новогодишната ноќ, при што загинаа најмалку петнаесет луѓе, а десетици беа повредени, пишува Њузвик.


Напаѓачот потоа излегол од камионот и почнал да пука во луѓето, а на крајот полицајците го застрелале. Во камионот подоцна било пронајдено знаме на Исламската држава.

ФБИ завчера го идентификуваше Џабар како осомничен, а објави дека е од Тексас и дека е воен ветеран. Тие објавија и дека го изнајмил белиот камион Форд во кој го извршил злосторството во Хјустон. Тие изјавија дека моментално спроведуваат повеќе истраги во Њу Орлеанс, како и градови во други сојузни држави за да соберат што е можно повеќе докази.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK