Фатална грешка при спасувањето мигранти во близина на Шпанија – 9 загинати и 48 исчезнати

Screenshot-2024-09-28-185132.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку девет луѓе загинаа, а уште 48 се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте за време на спасувачка операција во близина на Канарските острови, соопштија во саботата шпанските власти.


Шпанската поморска спасувачка служба соопшти дека трагедијата се случила откако било дојавено за присуство на мал брод натоварен со луѓе на околу 6 километри од островот Ел Хиеро. Бродот се превртел кога премногу луѓе се префрлиле на едната страна за време на обидот за спасување, се вели во соопштението на спасувачката служба.

Спасувачите спасија 27 луѓе, а потврдија дека има девет мртви.

Службата соопшти дека акцијата за спасување била отежната, бидејќи била извршена во текот на ноќта и под налетите на ветровите кои достигнале јачина од 20 јазли. Во акцијата учествуваа спасувачки бродови и хеликоптери на поморската спасувачка служба, Цивилната гарда, Црвениот крст и локалната самоуправа.

Атлантскиот пат за мигранти од Западна Африка до Канарските Острови е еден од најсмртоносните во светот. Иако нема точна бројка на загинати поради недостигот на информации за заминувањата од Западна Африка, шпанската група за заштита на мигрантите „Walking Borders“ проценува дека жртвите се илјадници.

Над 26.000 луѓе пристигнале преку море на Канарските острови досега оваа година, во споредба со околу 14.000 во истиот период минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK