Фараж ги налути британските политичари со изјавата дека ја испровоцирале војната во Украина

465010-farazh-bregzit-i-pobedata-na-tramp-pokrenaa-globalna-revolucija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на британската десничарска и популистичка Реформска партија, Најџел Фараж, е обвинет од истакнати британски конзервативци и лабуристи дека го брани Путин и го повторува неговото „гнасно оправдување за бруталната инвазија на Украина“.


Секретарот за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли реагираше откако Фараж рече дека Британија ја испровоцирала оваа војна, повлекувајќи поврзаност помеѓу проширувањето на НАТО и Европската унија во последните децении и конфликтот во Источна Европа.

Во интервју за BBC One во петокот, Фараж беше прашан за неговите ставови за рускиот претседател Владимир Путин. Тој одговори: „Реков дека не ми се допаѓа како личност, но му се восхитував како политичар затоа што успеа да ја преземе контролата врз раководството на Русија“.

Путин континуирано ја извршуваше функцијата руски претседател или премиер од 1999 година, а изборите беа опишани како „наместени“. Фараж, поранешен пратеник во Европскиот парламент, исто така рече: „Во ред, ќе ви кажам што не знаете, застанав во Европскиот парламент во 2014 година и реков, цитирам, ќе има војна во Украина.  Зошто го реков тоа? Ми беше очигледно дека постојаното проширување на НАТО и Европската унија кон исток му дава причина на овој човек да му каже на рускиот народ, тие повторно доаѓаат кај нас и војуваат“.

Фараж рече дека дава слични коментари од 1990-тите, од падот на Берлинскиот ѕид и додаде: „Чекајте малку, ние ја предизвикавме оваа војна. Тоа е, знаете, секако дека е негова вина – го искористи она што го направивме како изговор“.

Фараж наиде на критики од водечките политичари, вклучувајќи го и Клеверли кој на „Икс“ напиша: „Тоа е само Фараж што го повторува гнасното оправдување на Путин за бруталната инвазија на Украина“.

Секретарот за одбрана во сенка на лабуристите Џон Хили рече дека Фараж „подобро би ги лижел чизмите на Владимир Путин отколку да се залага за народот на Украина“ и додаде: „Ова се срамни коментари, кои го откриваат вистинското лице на Најџел Фараж: апологет на Путин на кој никогаш не треба да му се верува“.

„Досега постоеше обединет фронт меѓу британските политички лидери за поддршка на народот на Украина против неиспровоцираниот и неоправдан напад што го претрпе од рацете на Владимир Путин. Поранешниот секретар за одбрана Тобијас Елвуд изјави за Дејли Телеграф: „Черчил ќе се превртува во својот гроб“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK