Ф-16 се урна во Украина

f-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украински борбен авион Ф-16 бил уништен во несреќа во понеделникот, според американски официјален претставник, само неколку недели откако првиот од американските авиони пристигнал во Украина, пишува WSJ.



Да потсетиме, на почетокот на август во Украина пристигнаа моќни американски авиони. Според првите неофицијални информации, авионот не бил соборен во борбите, туку станува збор за грешка на украинската страна.

Украина води огромни борби на истокот на земјата со цел да ја запре руската офанзива. Украинците имаат големи очекувања од моќните американски авиони кои долго време ги бараа.

„Ф-16 во Украина, успеавме“, рече Зеленски на церемонијата на почетокот на август на тајна локација, опкружена со авиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK