Европскиот парламент (ЕП) денеска избра 14 нови потпретседатели, од кои тројца се од Европската народна партија, пет од редовите на социјалистите и демократите, по двајца од редовите на либералите, европските конзервативци и реформисти и по еден од Зелените и Левицата.
Од друга страна, кандидатите на политичките групи Патриоти за Европа и Европа на суверени нации не добија доволно гласови за да бидат избрани за потпретседатели на ЕП.
Сабине Верхејен, Ева Копач и Естебан Гонзалес Понс од Европската народна партија, Катарина Барли, Пина Пицерно, Виктор Негреску, Хави Лопез и Кристел Чалдемозе од редовите на социјалистите и демократите, Мартин Хојзик и Софи Вилмес од Обнова за Европа, Робертс Зила и Антонела Зберна од европските конзервативци и реформисти и Јунус Омаржи од левицата.