Европската комисија (ЕК) ја предупреди Мета, сопственик на платформите Фејсбук и Инстаграм, дека нејзиниот деловен модел „плати или согласи“ го прекршува Законот за европски дигитални пазари (ДМА).
Корисниците на компанијата Мета во моментов можат да плаќаат за услугата на дигиталните платформи без следење активности и реклами или да ја користат услугата бесплатно под услов да се согласат компаниите да ги користат нивните податоци за рекламирање, но ЕК смета дека овој модел не е во во согласност со закон.
Компанијата Мета „не им дозволува на корисниците да изберат услуга која користи помалку од нивните лични податоци и е еквивалентна на услуга базирана на платени реклами“, велат Европската комисија.