Евгениј Пригожин погребан далеку од очите на јавноста

prigozin-avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Погребот на шефот на руските платеници, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа минатата недела, бил извршен без присуство на јавноста, на гробишта во предградието на неговиот роден град Санкт Петербург, соопшти неговата прес-служба.

„Збогувањето со Евгениј Викторович се одржа во затворен формат. Оние кои сакаат да се збогуваат можат да ги посетат гробиштата Порохово“, се вели во кратка објава на Телеграм, заедно со фотографија од Пригожин, пренесува британската агенција Ројтерс.


Организацијата на погребот на Пригожин се одржа тајно, потсетува британската агенција.

Шефот на платеничката армија Вагнер загина во авионска несреќа на 23 август, два месеци по почетокот на бунтот на неговите војници, што, според Ројтерс, беше најголемиот предизвик за претседателот Владимир Путин откако тој дојде на власт во 1999 година.

Кремљ претходно објави дека Путин нема да присуствува на погребот.

Две други истакнати личности на Вагнер, четворица од телохранителите на Пригожин и тројца членови на екипажот загинаа кога неговиот приватен авион Embraer Legacy 600 се урна северно од Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK