Властите ги повикаа туристите во мексиканското одморалиште Тулум да ги напуштат плажите и да бараат засолниште, а хотелите беа евакуирани поради очекуваното влијание на ураганот Берил, кој погоди неколку острови во Сент Винсент и Гренадини, како и Барбадос и Јамајка во претходните денови.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече во изјавата дека Берил може директно да го погоди Тулум, кој има најмалку 50.000 жители и приближно исто толку туристи.
„Се препорачува луѓето да стигнат до повисоки места, засолништа… Не двоумете се, материјалните добра може да се заменат“, предупредил Обрадор, а пренесува АП.