Евакуирана болница во Бејрут, Израел тврди дека под неа има бункер на Хезболах

677z381_677z381_41-670ff6462e039.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Либанската болница Сахел во јужните предградија на Бејрут беше евакуирана откако Израел објави дека под неа има бункер на Хезболах, изјави денеска директорот на болницата Фади Аламех за Ројтерс.


Тој ги негираше овие наводи и ја покани либанската армија да ја посети локацијата.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари, претходно денеска објави дека Израел лоцирал бункер на Хезболах под болницата во Бејрут каде, како што наведе, либанската милитантна група складира повеќе од 500 милиони долари во злато и готовина.

Тој ги соопшти деталите по нападите во текот на ноќта во кои Израел ги гаѓаше финансиските институции на Хезболах, пренесува Танјуг.

На прес-конференцијата, Хагари покажа еден од бункерите на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, лоциран под болницата Сахел во Бејрут.

Израел започна „ограничена и насочена“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан.

Израелските сили ја преминаа границата на 1 октомври, за прв пат по 34-дневната војна меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, пренесуваат светските агенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK