Евакуации во Франција: извештаи за бомби на 14 аеродроми

Евакуации-во-Франција-извештаи-за-бомби-на-14-аеродроми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нови закани за бомби утринава беа испратени до 14 француски аеродроми, а најмалку осум се евакуирани поради тоа, изјави извор близок за „Франс прес“.



Веќе вчера повеќето големи француски аеродроми, со исклучок на двата париски, беа привремено евакуирани поради ваквите закани, што доведе до откажување на 130 летови и безброј доцнења.

Бројот на закани е зголемен во последните денови во Франција по убиството на наставникот во Арас, кој беше избоден со нож од радикализиран исламист.

Според изворот, денеска се евакуирани аеродромите Брест, Каркасон, Рен, Тарбес, Бордо-Мержињак, Безије, Монпеље и Нант.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK