Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптира по повеќе од три недели затишје.
Од кратерот Вораџине се издигнал голем облак од вулканска пепел, а пепелта паднала и врз градот Бронте.
Поради ерупцијата, вулканската пепел привремено предизвикала ограничувања на воздушниот простор над вулканот, но работата на Меѓународниот аеродром во Катанија продолжила без нарушувања, соопштија локалните власти.