Етиопија прогласи вонредна состојба по жестоките борби меѓу армијата и милицијата Фано во регионот Ахмара

etiopija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Етиопија денеска прогласи вонредна состојба по неколкудневните судири меѓу армијата и локалната милиција Фано, во регионот Амхара.

Борбите, што на почетокот на оваа недела, избувнаа во вториот по големина регион во Етиопија брзо ескалираа во безбедносна криза. Регионалната влада на Амхара вчера побара дополнителна помош од федералните власти за воспоставување ред.


Во соопштението од кабинетот на премиерот Абиј Ахмед во кое се објавува вонредната состојба не се наведува дали таа се однесува само на Амхара или на целата земја. „Неопходно е да се прогласи вонредна состојба бидејќи стана тешко да се контролира состојбата со редовниот правен систем“, се наведува во соопштението на владата.

Декларацијата и дава овластувања на владата да забрани јавни собири, да извршува апсења без судски налог и да воведе полициски час.

Милицијата Фано беше клучен сојузник на војската (ЕНДФ) за време на двегодишната граѓанска војна во соседниот регион Тигре, која заврши во ноември, но односите се влошија поради напорите на федералните власти да ги ослабат регионалните паравоени групи.

Двајца жители на градот Гондар, во Амхара, денеска изјавија дека вчера имало интензивни борби во близина на универзитетот.

-ЕНДФ прво го контролираше универзитетот, но Фано ги истурка назад. Се обидоа да напредуваат до центарот на градот, но не можеа, изјави еден жител на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK