Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе

г-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Индонезија  се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.


Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK