Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата очекува привремената влада во Сирија да преземе „исправни чекори“ и дека нема да има закана за нејзините соседи.
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот совет на Судан, Абдел Фатах Ал Бурхан, за билатералните односи, регионалните и глобалните процеси, пренесе „Риа њуз“.
Тој рече дека сирискиот народ е дојден до фазата на одредување на својата иднина по 13-годишната хуманитарна криза.
Според него, Турција ќе обезбеди поддршка за да се осигура дека привремената влада ќе ги преземе вистинските чекори за да му служи на сирискиот народ и да не претставува закана за нејзините соседи, пренесува Танјуг.