Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе на неговиот пријател Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД по, како што рече, големата битка, откако претходно денеска републиканскиот кандидат прогласи победа.
„Верувам дека ќе се направат повеќе напори за поправеден свет во оваа нова ера која започна со изборот на американскиот народ“, рече Ердоган во објава на мрежата Х, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека се надева дека ќе стави крај на тековните регионални конфликти и кризи, пред се конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа и војната меѓу Русија и Украина.