Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со неговиот украински колега Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировните преговори меѓу Киев и Москва.
Ердоган посочи дека Турција прави интензивни напори да го „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и да обезбеди траен мир, објави „Хабертурк“.
„Подготвени сме да ја преземеме улогата на посредник во преговорите за да се обезбеди мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, рече турскиот претседател.
Тој оцени дека треба што поскоро да се постигне прекин на огнот во Украина и да се отвори вратата на мирот, пренесува Танјуг.