Ердоган: Нетанјаху влезе во историјата како касап на Газа

Ердоган-Израел-е-терористичка-држава-а-израелските-доселеници-се-како.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го опиша Бенјамин Нетанјаху како касап на Газа и го обвини за зголемен антисемитизам во светот.


„Нетанјаху веќе го запиша своето име во историјата како касап на Газа. Тој ја загрозува безбедноста на сите Евреи во светот со тоа што поттикнува антисемитизам со убиствата што ги изврши во Газа“, рече Ердоган, пренесе АФП.

Израел го повлече целиот свој дипломатски персонал од Турција како безбедносна мерка на почетокот на војната со Хамас.

Турција, исто така, го повлече својот пратеник во Тел Авив во знак на протест поради потегот на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK