Ердоган: Настаните во Газа се несреќа, катастрофа и злосторство против човештвото

Ердоган-Настаните-во-Газа-се-несреќа-катастрофа-и-злосторство-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека настаните што се случија во Појасот Газа во текот на изминатиот месец претставуваат „несреќа, катастрофа и злосторство против човештвото“.


„Турскиот народ ќе продолжи да ги поддржува жителите на Газа бидејќи тие одбиваат да ги напуштат своите домови и земја до крај“, рече Ердоган на комеморативната средба по повод 85-годишнината од смртта на основачот и прв претседател на Турција Мустафа Кемал. Ататурк, јавува “Анадолија£, пренесува Танјуг.

Тој изјави дека Израел „го тестира нашето трпение со заблуди за ветената земја, вклучувајќи ја и територијата на Турција, со закани за употреба на нуклеарно оружје“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK