Ердоган: Израел порано или подоцна ќе плати за геноцидот што го спроведува веќе една година

erdogan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел порано или подоцна ќе ја плати цената за, како што наведе, „геноцидот што го спроведува веќе една година“ во Појасот Газа.
Ердоган наведува дека овој геноцид не ги убива само Палестинците, туку и целото човештво.


„Како што Хитлер беше запрен од заедничката алијанса на човештвото, така и Нетанјаху и неговата мрежа на убиства ќе бидат запрени на ист начин“, рече Ердоган во изјавата на платформата X по повод годишнината од нападот на Хамас на југот на Израел и почетокот на војната во Појасот Газа.

Ердоган изјави дека жали за десетиците илјади убиени од израелската армија во една година во Појасот Газа и во Либан повторувајќи дека овие конфликти покажуваат дека меѓународниот систем не му служи на човештвото.

„Светот во кој нема одговорност за геноцидот во Газа нема да има мир. Турција ќе продолжи да се спротивставува на израелската влада и го повикува светот да ѝ се придружи“, рече Ердоган.

Денеска, се одбележува првата годишнина од терористичкиот напад на Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година.

Хамас тој ден уби 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници, пренесуваат светските медиуми.

Според написите, во конфликтот меѓу Хамас и Израел што следуваше, повеќе од 41.820 Палестинци беа убиени во Појасот Газа, како и повеќе од 2.000 луѓе во Либан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK