Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), потврдија од партијата.
Портпаролот на АКП, Омер Челик, на прес-конференција во Анкара изјави дека партијата е задоволна што ова прашање е ставено на дневен ред, пренесе Ројтерс.
AK Parti Genel Başkan Yardımcısı ve Parti Sözcüsü Ömer Çelik, Cumhurbaşkanı Recep Tayyip Erdoğan’ın yeniden Cumhurbaşkanlığı adaylığına ilişkin, ‘Önemli olan mi…
Kaynak: Sabah https://t.co/haU6LZdidh
— Evlad-ı Fatihan (@AkMehterci) January 13, 2025
„Ќе видиме, кога станува збор за формулата (за поддршка на Ердоган). Во политиката, една година е многу кратко, еден ден е многу долго. Она што е важно е нашиот народ да го сака тоа. Кога гледаме што се случува околу нас, очигледно е „во секоја прилика покажуваме колку е важно знаењето и политичката волја на нашиот претседател за нашата земја“, рече Челик.
Ердоган е лидер со најдолг стаж на модерна Турција, кој е на власт во земјата повеќе од две децении, прво како премиер, а подоцна и како претседател.
Според ограничувањата на претседателскиот мандат во Турција, тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или парламентот не побара предвремени избори.
Тој е претседател од 2014 година, а претходно беше премиер од 2003 до 2014 година.