Ердоган: Администрацијата на Трамп може да стави крај на војната во Украина преку дијалог и дипломатија

erdogan1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека војната на Русија против Украина лесно може да заврши доколку американската администрација на Доналд Трамп следи пристап „заснован на решенија“, вклучувајќи дијалог и дипломатија.


„Ако во ерата на Трамп американската администрација пристапи на ова прашање од гледна точка на решенија, лесно можеме да ставиме крај на оваа војна. Повеќе оружје, повеќе бомби, повеќе хаос и конфликт нема да ја завршат оваа војна. Повеќе дијалог, повеќе дипломатија, повеќе помирување ќе ја отворат вратата на мирот“, рече Ердоган во разговор со новинарите  по враќањето од Будимпешта, пренесува турскиот весник Јени Сафак.

Тој истакна дека Турција е „земја која успеа да ги доведе двете страни на иста маса“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK