Најмалку едно лице загина во експлозија и пожар во зграда во 6-тиот арондисман на Марсеј, соопшти градоначалникот Беноа Пајан.
Тој изјавил дека четири лица биле евакуирани од објектот, додека девет жители на соседната зграда исто така морале да ги напуштат своите домови, пренесува Paris Mond.
Едно лице е примено во болница поради вдишување чад. Според локалниот дневен весник Прованса, експлозијата се случила во неделата нешто пред 20 часот.
Пожарникарите брзо интервенирале и на лице место констатирале „голем пожар“, потврдил припадник на противпожарната единица. Неколку слични случаи на експлозии се случија во централните области на Марсеј во последните месеци.