Експлозија на избирачко место во Русија: на жена ѝ откинала рака, евакуирани 50 луѓе

Screenshot-2024-03-17-175610.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Експлозија се случила на избирачко место во рускиот град Перм, јавија локалните медиуми.

Една жена со себе понела голема петарда и ја запалила во тоалетот.

Според првичните информации, нејзината рака е откината. Од зградата се евакуирани 50 лица.

Експлозијата на територијата на избирачкото место во Перм ја извршила, според руските медиуми, Елена С.(64).

Според очевидци, жената пред експлозијата разговарала со некого на телефон. Како што се наведува, станува збор за луѓе од разузнавачките служби на Украина.

Според телеграмскиот канал „База“, Елена дошла со чанта. Обезбедувањето ја проверило, но не нашла ништо забрането.

Како точно жената ја добила петардата се уште се разјаснува. Таа сега е хоспитализирана во Централната окружна болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK