Две лица загинаа, а 11 се повредени во неколку експлозии и пожари на подземен паркинг на солитер во швајцарскиот град Нусбаумен во Аргау, соопшти кантоналната полиција.
Во полиција синоќа околу 19 часот биле пријавени неколку експлозии, а пожарот кој до доаѓањето на пожарникарите се проширил на првиот кат бил изгаснат до 23 часот, јавува „Свис инфо“.
Жителите на солитерите биле евакуирани и засега не им било дозволено да се вратат во становите, а локалните власти итно им обезбедиле живеалишта.
Во акцијата за гаснење биле вклучени три хеликоптери.