Египет ја отвора границата за 20 камиони хуманитарна помош

Египет-ја-отвора-границата-за-20-камиони-хуманитарна-помош.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони кои превезуваат хуманитарна помош за Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден.


Ал Сиси и Бајден постигнаа договор поради влошувањето на хуманитарната криза во таа енклава и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток.

Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади. Би-би-си пишува дека границата би можела да биде отворена најрано во петок.

Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку бил оневозможен од израелските воздушни напади на страната на Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK