Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, според САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Египет-и-Јордан-бараат-итен-прекин-на-огнот-според-САД.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан.


Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања.

„Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите.

„Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен.

Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите.

Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.

Египетскиот Самех Шукри рече дека таквите разговори ќе бидат предвремени и дека фокусот треба да остане на моменталната ситуација.

Ајман Сафади од Јордан рече дека сегашниот фокус е на запирање на оваа војна и дека не е можно да се размислува за иднината кога не е јасно каква ќе биде Газа.

Сафади јасно посочи дека е неопходно да се разгледа конфликтот во целост и дека се потребни разговори за „враќање на решението со две држави“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK