Eдно лице загина, a седум се водат за исчезнати во свлечиште во Кина

kina_34534444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Едно лице загина, а седум се водат за исчезнати во централна Кина, по лизгање на земјиштето предизвикано од обилни дождови и поплави, додека поголемиот дел од земјата е зафатен од екстремно високи температури, соопштија денеска властите.

Шест лица се спасени од под урнатините на градилиштето на автопат во централната провинција Хубеи, каде вчера се случи несреќа.


Спасувачките екипи сè уште ја пребаруваат областа со надеж дека ќе најдат уште преживеани.

Десетици илјади луѓе беа евакуирани во засолништа поради големите поплави во северна, централна и југоисточна Кина. Сезонските поплави се редовна појава во Кина, но овогодинешниот пораст на водата е проследен со невообичаено долги периоди на високи температури.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK