Еден загинат и двајца повредени во напад со нож во психијатриски центар во Копенхаген

danska_35435435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Едно лице загина, а две се повредени при прободување со нож во психијатриски центар западно од Копенхаген, соопшти данската полиција.

Станува збор за тројца вработени во болничкиот центар, а еден од повредените се уште е на лекување.


Полицијата засега не се открива идентитетот на жртвите, ниту кој е сторител на злосторството во Глоструп, предградие на Копенхаген.

Полицијата само соопшти дека во врска со нападот е уапсено 41-годишно лице.

Не е познато ниту што довело до инцидентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK