Џорџ Сорос го предаде кормилото на својата империја на неговиот помлад син Алекс Сорос

aleks soros
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џорџ Сорос, светски познатиот филантроп и цел на критиките на десничарите, ја предаде контролата на хеџ фондот и на фондацијата „Отворено опшетство“ на својот син Александар Сорос, кој не беше планиран да биде можниот наследник на 25 милијарди долари вредната империја, и кој во интервју за Волстрит журнал се претстави како левичар.

Во инервјуто, прво за медиумите откако го презеде раководството, Алекс Сорос (37) изјави дека ги проширува либералните цели на својот 92- годишен татко и „сум многу пополитичен“. Тие цели ги вклучуваат правата за гласање и абортус, како и полова еднаквост.



Тој исто така планира дел од парите да донира на Демократската партија и неодамна се сретнал со претставници на администрацијата на Бајден, лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер, и шефови на држави како претседателот на Бразил Лула де Силва и канадскиот премиер Џастин Трудо, а да решава прашање поврзани со фондацијата.

Фондацијата на Сорос годишно доделува околу 1,5 милијарда долари за подршка на активисти и групи за човекови права и за изградба на демократски капацитети. Парите од фондацијата се доделуваат и на универзитети и други образовни институции. Сорос комитети за политичка акција (ПАЦ) во САД на пример финансираат изборни кампањи на областни обвинители и официјални лица кои се залагаат на пример за намалување на бројот на затвореници и за запирање на расните предрасуди во правниот систем, постапки што ги дразнат конзервативците и десницата.

Во интервјуто за Волстрит журнал Алекс Сорос изјави дека е загрижен од можното враќање на Доналд Трамп, сугерирајќи на значајна финансиска улога на Сорос во претседателската трка за изборите во 2024 година.

-Колку и да сакам да ги изнесам парите од политиката, сѐ додека другата страна го прави тоа, ние ќе го прави исто така, изјави тој.

Се дознава и дека луѓето блиски на Џорџ Сорос со години сметале дека негов наследник ќе биде постариот син Џонатан Сорос (52), правник со економско образование. Тој работел со неговиот татко на фондацијата и на стабилизација на хеџ фондот за време на кризи.

-Но тие се скарале и точките на поглед се смениле, пишува весникот.

Помладиот Алекс, кој носи наочари со големи рамки и грижливо грумирана брада, на крајот ја стекнал довербата на својот татко, и го придружувал на патувањата до канцелариите на организацијата низ целиот свет.

Алекс Сорос е претседател на бордот на фондацијата од декември 2022 година и раководи со супер ПАЦ. Тој е единствен член на семејството во надзорниот одбор на Сорос менаџмент фондот, фирма што врши надзо на трошењето на парите за фондацијата и за семејството. Голем дел од 25-те милијарди долари во следните години ќе бидат насочени кон „Отворено општество“. Околу 125 милиони се резервирани за супер ПАЦ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK