Џонсон: Извештајот на Комитетот е „шарада“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон денеска го нарече „шарада“ извештајот на Комитетот за привилегии на Долниот дом, кој претходно оцени дека треба да биде суспендиран од пратеничката функција во траење од 90 дена, бидејќи „намерно го довел во заблуда Парламентот“ за забавите што ги организираше за време на пандемијата.

Тој го нарече извештајот „нарушен заклучок“ и додаде дека погрешил што верувал во Комитетот или во неговата добра намера.


Џонсон конкретно се осврна на претседателката на Комитетот Хариет Харман, велејќи дека „најлошото од се е тоа што тој не е  тој кој ја извртел вистината за да ја усогласи со своите цели“, туку дека тоа го сторил Харман и нејзиниот Комитет.

– Ова е ужасен ден за пратениците и за нашата демократија. Истрагата го зададе последниот удар во политички долгорочно, мотивирано убиство, изјави Џонсон.

Тој додаде и дека е лага дека намерно го довел во заблуда Парламентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK