Кинеска новинарка Џанг Жан, која беше осудена во Кина за известување за епидемијата на Ковид-19 во Вухан, е ослободена од затвор по отслужување на четиригодишна затворска казна, објавија светските медиуми.
Џанг е осудена на четири години затвор под обвинение за „поттикнување кавги и предизвикување проблеми“, пренесува АП.
Меѓутоа, на денот на нејзиното ослободување, нејзините поранешни адвокати не можеле да дојдат до неа или до нејзиното семејство, бидејќи, како што наведува американската агенција, „полицијата во Шангај ги посетила активистите и нејзините поранешни адвокати во деновите пред нејзиното ослободување“.