Две жени во Кина заклучиле расплакано дете во тоалет во авионот: бабата им дозволила да ги „спроведат едукативните методи“

a427b65c-4cc1-4c38-9eaf-e63bb91f3550.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По инцидентот во кој две жени заклучија расплакано дете во авионски тоалет, во Кина започна жестока дебата за тоа како да се однесуваат децата на јавни места. Инцидентот со тоалетот стана вирален откако една од двете жени, Гоу Тингтинг, објави видео на кое се гледа како го носи девојчето до тоалетот, објаснувајќи дека помага да се смири детето, пишува Би-би-си.


Авиокомпанијата објави дека бабата на девојчето им дозволила на двете жени да „спроведат едукативни методи“. Инцидентот се случил на 24 август на летот на „Џунјао ерлајнс“ за Шангај. Девојчето патувало со бабата и почнало да плаче за време на летот. На видеото кое го објавила Гоу, се слуша како друга жена му кажува на девојчето дека може да излезе од тоалетот само ако престане да плаче. Локалните медиуми јавуваат дека се работи за едногодишно дете.

Набргу откако го објави видеото, Гоа беше обвинета од многумина за недостаток на емпатија и злоупотреба на деца.

„Само сакав да го смирам детето и да им дозволам на другите да одморат“, одговори таа. Во Кина расте дебатата за тоа како да се постапува со разгалените деца кои создаваат бучава и неред на јавните простори. Така, некои возови добија посебни делови за деца.

За ова се дискутира на други места во светот. Јужна Кореја, на пример, одреди стотици зони без деца во ресторани, музеи и театри. Глобалните авиокомпании, на патниците им нудат поскапи билети за седишта во зоната без деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK