Еден жител и еден пожарникар се повредени во големиот шумски пожар што синоќа избувна во источниот дел на Пиринеи и уништи 1.650 хектари земјиште, соопштија француските власти.
– Тоа е многу долг огнен фронт, што бара распоредување на големи копнени и воздушни ресурси за да се сузбие, изјави локалниот префект, додавајќи дека главната цел е да се спречи ширењето на пожарот во сушната и тешко достапна област.
Во гаснењето на огнот ангажирани се околу 700 пожарникари, 200 противпожарни возила и девет авиони.
Франција, која неодамна беше погодена од топлотен бран, очекува уште еден бран со температури до 40 степени Целзиусови.