Дванаесет министерства во Норвешка – цел на кибер напад

kiber
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дванаесет министерства на норвешката Влада беа погодени од кибер напад, соопшти денеска норвешката влада. Тоа е најнов напад во серијата напади што го погодија јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО.

„Идентификувавме слабост во платформата на еден од нашите добавувачи. Таа слабост сега е затворена“, рече шефот на владината агенција за електронски услуги, Ерик Хоуп.


Нападот бил откриен на 12 јули поради „невообичаена активност“ на една од платформите, но нема попрецизни детали за нападот.

Хоуп изјави дека Кабинетот на премиерот, како и министерствата за надворешни работи, одбрана и правда, не се засегнати бидејќи користат различна ИТ платформа.

Јавниот сектор на Норвешка претходно беше погоден од кибер напади, вклучително и во јуни 2022 година, кога за таканаречениот напад на дистрибуирано одбивање на услугата (DDoS) беше обвинета „криминална проруска група“, а бројот на кибер напади врз норвешките министерства се зголеми за трипати меѓу 2019 и 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK