Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре


luvr-nova-piksabaj-za-slobodno-koristenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата за „организирана кражба“ ја водат Париската бригада за сузбивање на разбојништва (BRB) и Централната канцеларија за борба против трговијата со културни добра (OCBC), објави Ле Паризијен.


Осомничените, двајца мажи на возраст околу 30 години од департманот Сена-Сен-Дени, наводно биле дел од четворочлена група која провалила во галеријата „Аполон“, каде се изложени драгоцености на француската круна, меѓу кои и накитот на царицата Евгенија.

Според Телеграф, детективите утврдиле дека се работи за кражба со помош од внатре, бидејќи еден од чуварите бил во контакт со крадците пред нападот.

„Постои дигитален доказ кој покажува дека чувар на музејот соработувал со крадците и им дал информации за безбедносниот систем“, изјавил извор близок до истрагата.

Директорката на музејот, Лоренс де Кар потврдила дека ниедна камера не го надгледувала балконот преку кој провалниците влегле:

„За жал, од страната на галеријата Аполон единствената камера е насочена кон запад и не го покрива балконот погоден од провалата“, изјавила таа.

Париската обвинителка Лор Бекo потврдила дека се земени повеќе од 150 ДНК и папиларни траги. Дел од преостанатите експонати се пренесени во трезорот на Банката на Франција, а истрагата ја следи и израелската фирма „ЦГИ Груп“, позната по решавањето на кражбата во Дрезден.

„Очигледно сакаме што побрзо да ги уапсиме сторителите и да го вратиме накитот пред да биде растопен. Ги стражуваме сите можности“, изјавила Беко.

Фото: Пиксбај

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK