Двајца сириски војници се ранети во израелски воздушен напад

Двајца-сириски-војници-се-ранети-во-израелски-воздушен-напад.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца војници се ранети вчера по израелски воздушен напад врз позиции на сириските вооружени сили во близина на источната сириска провинција Деир ал-Зор, јавија сириските државни медиуми, повикувајќи се на воени извори.


„Околу 23:50 часот на 2 октомври, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз некои од позициите на нашите вооружени сили во близина на Деир ал-Зор, при што беа ранети двајца војници и има одредени материјални загуби“, изјави сириски воен извор. Израелската армија се уште не ги коментира овие наводи.

Израел со години извршува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, каде што влијанието на Техеран порасна откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година, според Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK