Двајца дрвокрадци убиени со лак и стрела на територија на изолирано племе во Перу

2-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца дрвокрадци беа убиени во напад со лак и стрела, откако тие наводно ја нападнале територијата на домородното племе Маско Пиро, кое живее во изолација во регионот на Амазон во Перу.



Инцидентот се случил на 29 август во сливот на реката Паријаману додека дрвосечачи работеле во шумата и на тој начин дошле во контакт со припадниците на ова изолирано домородно население, пренесува Sky News.

„Перу не презеде превентивни и заштитни мерки за да ги обезбеди животите и интегритетот на работниците“, се вели во соопштението на Фенамад, група која ги претставува домородните народи во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK