Два крвави напади на Харков за 48 часа: вчера убиено 6-годишно момче, утрово во урнатините на станбена зграда пронајдено тело на дете

Два-крвави-напади-на-Харков-за-48-часа-вчера-убиено.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно дете загина, а најмалку 16 лица се повредени утринава во руските напади врз Харков, соопштија украинските власти.


Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм напиша дека детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда и им изрази сочувство на родителите и роднините, пренесува Интерфакс Украина.

Шефот на регионот Харков, Олех Синехубов изјавил дека загинало 10-годишно момче, пренесува Униан.

„Под урнатините пронајдено е 10-годишно дете, момчето, за жал, починало. Според првичните информации, повредени се 16 лица, меѓу кои и едно 11-месечно дете.

„Спасувачите работат на местото на ударот и ги расчистуваат урнатините“, рече Синехубов.

Полицијата на Харковската област соопшти дека утринава во Харков биле регистрирани два погодоци и дека, според првичните податоци, станува збор за руски ракети од типот Искандер.

Украинските медиуми јавија дека утринава се слушнале експлозии во Харков, а во моментот на првите извештаи за напади во областа, немало предупредување за воздушен напад.

Во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и шестгодишно момче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Во четвртокот во раните попладневни часови, во селото Хроза, во областа Харков, беа погодени кафуле и продавница во време кога таму имало многу цивили. Седум лица се хоспитализирани по нападот.

Москва се уште не ги коментираше настаните во Хорза. Русија негира дека напаѓа цивилни цели во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK