Дрон предизвика паника на божиќен панаѓур во Германија

Дрон-предизвика-паника-на-божиќен-панаѓур-во-Германија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дрон предизвика паника за време на викендот на божиќен пазар во германскиот град Дрезден.


Неколку посетители во неделата навечер видоа беспилотно летало и стравуваа од воздушен напад.

Според полицијата, околу 19 часот и 45 минути исплашени лица отишле кај полицаецот кој чувал стража во близина и го пријавиле летечкиот објект.

„Ја сфативме ситуацијата многу сериозно и веднаш презедовме акција“, изјави портпаролот на полицијата за Билд во понеделникот.

Со оглед на тоа дека беше шопинг недела, таа вечер имаше голем број луѓе во центарот на Дрезден.

Полицијата потврди дека го пронашла човекот кој управувал со дронот.

Станува збор за 34-годишен Германец кој немал намера да предизвика никаква опасност. Според неговите зборови, тој само сакал од воздух да го фотографира најстариот божиќен пазар во Германија.

Сепак, тој немал дозвола да лета со дронот над толпата.

Безбедносните експерти во понеделникот предупредија за „Билд“ на смртоносна опасност од воздух: мали, релативно евтини летечки објекти се користат секојдневно во војната во Украина, фрлачите на експлозив може да се инсталираат речиси како детска играчка користејќи инструкции за градење од Интернет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK