Драма во Вашингтон: пукаше oбезбедувањето на внуката на Бајден, напаѓачи се обиделе да упаднат во возилото

Драма-во-Вашингтон-пукаше-oбезбедувањето-на-внуката-на-Бајден-напаѓачи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенти на американската тајна служба кои ја штитат внуката на американскиот претседател Џо Бајден отвориле оган откако три лица се обиделе да упаднат во необележаното возило на тајната служба во Вашингтон, соопшти денеска тајната служба.


Агентите задолжени да ја заштитат Наоми Бајден, внуката на американскиот претседател, биле со неа во населбата Џорџтаун во неделата доцна навечер кога виделе три лица како го кршат прозорецот на паркиран теренец, изјави за АП неименуван разузнавач на тајната служба.

Еден од агентите отворил оган, но во пукањето никој не бил погоден.

Тројцата напаѓачи се видени како бегаат со црвен автомобил, а тајната служба соопшти дека е во тек потера по нив.

Повеќе од 750 кражби на автомобили и повеќе од 6.000 пријави за украдени возила во поширокото градско подрачје се пријавени во полицијата во Вашингтон оваа година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK