Ученичка избола друго девојче со нож и тешко го повредила во училиште во Германија.
Инцидентот се случил во четвртокот наутро во училиште во Кукшавен, пренесува „Билд“.
Од полицијата потврдија дека имало напад и дека ученичката била пренесена во болница. Нејзиниот живот не е во опасност.
Нападот се случил во училницата пред соучениците, но засега не се знае дали во тој момент била присутна и наставничката.
Според медиумите, на нападот му претходела кавга меѓу девојките, но не е јасно зошто се случил инцидентот.