Трите најголеми полски опозициски партии денеска се договорија за коалиција која ќе ја замени партијата Правда и Права на власт, а нов премиер треба да биде Доналд Туск, пишува порталот Политико.
„Денеска заедно со лидерите на демократските партии ја потврдивме нашата подготвеност за целосна соработка и формирање ново мнозинство во парламентот“, изјави претседателот на Граѓанската коалиција, Доналд Туск, поранешен премиер на Полска и поранешен претседател на Европскиот совет.
Новата коалиција побарала мандат од претседателот Анджеј Дуда, додава порталот.
Коалицијата предводена од Туск има 248 од 460 пратеници во Долниот дом на Парламентот.
На изборите на 15 октомври партијата Правда и Права освои најмногу гласови и има 194 пратеници.